Европскиот суд ја осуди Русија во случајот Магницки

Европскиот суд за човекови права во Стразбур денеска ја осуди Русија за бројни кршења на човековите права во случајот со затворската смрт на правникот Сергеј Магницки.

Овој случај предизвика сериозна дипломатска криза меѓу Вашингтон и Москва.

Судот и наложи на Русија да плати 34.000 евра на мајката и на сопругата на Сергеј Магницки кои поднесоа тужба до Судот, поради нанесена морална штета.

Сергеј Магницки (37) умре во 2009 година во притвор во Русија откако ги обвини официјалните лица за проневера на околу 230 милиони долари. Тој работеше во секторот финансии на една правна фирма во Москва.

Магницки беше уапсен поради обвинение за затајување данок.

Европскиот суд денеска укажа дека руските власти, поради начинот како постапувале во врска со здравствените проблеми на Маницки, „го довеле неговиот живот во опасност“.

Судаот укажа на лошото постапување на кое бил изложен непосредно пред смртта и на непотполната и неефикасната истрага за условите на неговата смрт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот