Европскиот шампион во одбојка нема да игра на Олимписките игри

twitter/EuroVolley

Одбојкарите на Србија нема да настапат на ОИ во Токио откако загубија од Бугарија на квалификацискиот турнир кој се игра во Берлин.

Европскиот шампион во одбојка, селекцијата на Србија, нема да игра на Олимписките игри во Токио, откако во третото коло од квалификациската група Б загубија од Бугарија со 3:2 во сетови и тоа 25:21,24:26,25:22,20:25,15:13.

Со поразот, кој е втор во групата Б, Србија остана на третото место, зад Бугарија и Франција кои ги продолжуваат настапите во полуфиналето.

Во полуфиналето од европските квалификации ќе играат Словенија – Франција и Германија – Бугарија, а пласман на Игрите во Токио ќе обезбеди само победникот на турнирот кој се игра во Берлин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот