Европскиот шампион е најдобар кога е најтешко, за две минути го реши Салзбург (ВИДЕО)

twitter/Liverpool FC

Ливерпул обезбеди пласман во осминафиналето на Лигата на шампионите откако во најважниот натпревар сезонава, со 2:0 како гости славеа кај Салзбург. „Црвените“ победата ја обезбедија во второто полувреме, откако во првиот дел Мохамед Салах два пати не успеа да постигне гол од повеќе од изгледни шанси.

Сепак, во второто полувреме Ливерпул со блиц-криг дојде до победата, постигна два гола за две минути. Прво во 57. минута Кеита ја круниса со гол одличната контра, додека една минута подоцна Салах ја искористи грешката на дефанзивците на Салзбург и го постави конечниот резултат.

Во вториот натпревар, Наполи релативно лесно со 4:0 го победи Генк и заедно со Ливерпул обезбеди пласман во осминафинето.
Аркадиуш Милик со хет-трикот уште во првото полувреме ја обезбеди победата за Наполи, додека конечниот резултат го постави Дрис Мертенс со гол од пенал.
Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас натпреварот го следеше од клупата за резервни играчи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот