Европскиот шампион демолиран од Хофенхајм, прими четири парчиња (ВИДЕО)

Фудбалерите на Хофенхајм остварија убедлив триумф од 4:1 во второто коло од Бундеслигата и му го нанесоа првиот пораз на Баерн Минхен во сите натпреварувања по речиси 10 месеци.

Последниот пораз баварците го доживеаја на седми декември минатата година и тоа од Борусија Менхенгладбах.

Во меѓувреме на 32 официјални натпревари остварија дури 31 победа и ја освоија титулата во Лигата на  шампионите. Хофенхајм исто така им ја прекина и серијата од дури 23 победи по ред.

Фудбалерите на Баерн доминираа на теренот, имаа дури 70 проценти од поседот на топката, но во рамките на противничкиот гол упатија само три удари.

За разлика од нив, играчите на Хофенхајм својата шанса ја гледаа преку брзите контранапади и на тој начин дојдоа до голема победа и три бода. Хофенхајм поведе уште во 16. минута преку Бичакчиќ, а осум минути подоцна Дабур зголеми на 2:0.

Прочитајте и...  Заврши ракометниот карантин - продолжува Супер-лигата

Европскиот и германскиот шампион ја намали негативата со одличниот гол на Кимих во 36. минута но тоа беше се што сторија до крајот на натпреварот. Во второто полувреме, домашните фудбалери постигнаа уште два гола преку Крамариќ, прво во 77. минута, а потоа и во 92.минута.

Поврзани вести

ВИДЕО: „Рударите“ го шокираа Реал, Шахтјор славеше без девет првотимци!

Слободен печат

Трка со времето: Дали Роналдо ќе игра против Меси?

Слободен печат

Нови случаи на коронавирус во ракометниот клуб Пролет

Слободен печат

Обложувалниците го предвидуваат новиот шампион во Лига Европа!

Слободен печат

Порто оптимист дека може да ги освои бодовите во Скопје!

Слободен печат

Гатузо: Елмас и натаму позитивен на ковид-19!

Слободен печат

Остави Коментар