Европскиот проект пред историска пресвртница

Европските економисти кои се залагаат за поддршка на еврообврзниците со отворено писмо порачаа Европа или ќе се избори за опстанок или ќе се соочи со колапс.

Пандемијата на новиот коронавирус е историска пресвртна точка што може да одлучи за опстанок или колапс на европски проект. Ова во отворено писмо го истакнаа европските економисти кои се залагаат за поддршка на еврообврзниците.

Марчело Синорели, професор по економска политика на Универзитетот во Перуџа, Италија, е меѓу иницијаторите на повикот што економистите од Европа го упатија до јавноста за да обезбедат поддршка за овој вид задолжување.

Нивното отворено писмо е потпишано од над 1100 економисти и се очекува денеска да биде објавено во неколку европски весници.

Прашањето за издавање еврообврзници предизвика дебати и поделби во ЕУ, какви што немаше од времето на должничката криза во монетарната унија, забележува ДПА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот