Европскиот парламент ќе заседава во Брисел, наместо во Стразбур

европски парламент европа знамиња европски знамиња на европа
Знамиња на земјите-членки на ЕУ / EPA-EFE/PATRICK SEEGER

 И покрај повикот на претседателот на Франција Емануел Макрон за враќање на пленарните сесии на Европскиот парламент во Стразбур „од октомври”, првата октомвриска сесија ќе се одржи во Брисел поради пандемијата, јави дописникот на МИА.

-За жал, со оглед на неодамнешното зголемување на стапката на пренесување на вирусот во Франција, особено во департманот Долна Рајна и заради јавното здравје, ние мора да гои преиспитаме патувањата на членовите и вработените во Европскиот парламент, неколку денови пред првата парламентарна седница во октомври, објасни претседателот на ЕП, Давид Сасоли.

Францускиот претседател повика на враќање на пленарните сесии во Стразбур „од октомври”.

-Ваша одговорност е да го спроведете без одлагање враќањето на институционалната нормалност и продолжувањето на пленарните седници во Стразбур во октомври, напиша тој во писмото до Давид Сасоли.

-Јас сметам на вас. Почитувањето на договорите ми се чини од суштинско значење , додаде шефот на француската држава.

Но, претседателот на Европскиот парламент оцени дека условите сè уште не се соодветни за продолжување на седниците во Стразбур, официјалното седиште на Европскиот парламент.

-За жал, здравствената состојба не спречува да одиме во Стразбур на првата пленарна седница во октомври. Се надеваме дека сè ќе се промени наскоро и дека можеме да се вратиме во нашиот град, објасни тој во пораката објавена на неговиот профил на Твитер.

-Парламентот ќе ги одржи своите седници повторно во Стразбур веднаш штом ќе го дозволат тоаусловите, додаде тој.

Втората сесија на Европскиот парламент е закажана за 19-22 октомври. Според европските договори, седиштето на институцијата е во Стразбур, каде што обично се одржуваат дванаесет пленарни сесии годишно со траење од по три и пол дена. Но, останатото време, европратениците работат во Брисел, што е извор на дебата со години. За било каква промена на договорот, потребно е одобрување од сите земји-членки.

Многу поддржувачи на единствено седиште на ЕП сакаат тоа да биде Брисел и редовно ги покажуваат високите финансиски и еколошки трошоци за ова месечно преселување на околу 2500 лица, и фактот дека огромниот комплекс во Стразбур се користи само четири дена во месецот. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот