Европскиот парламент го изгласа буџетот за 2022 година

Европски парламент/ Фото: МИА

Европскиот парламент денеска го изгласа буџетот за 2022 година и потврди дека негови приоритети се надминување на климатската и здравствената криза и мерки за младите.

На пленарната седница европратениците со 550 гласови „за”, 77 „против” и 62 „воздржани” го усвоија општиот буџет на Европска Унија за 2022 година.

– Презедовме неколку обврски за приспособување на буџетот за поддршка на економијата и регионите и граѓаните. Целта беше јасна, потребен ни е силен буџет за закрепнување за првата година кога ќе имаме дополнителни средства од програмата за реконструкција, истакна известувачот на ЕП, Карло Реслер (ХДЗ, ЕПП).

За здравствените програми, истражувањата, борбата против климатските промени, малите и средни претпријатија и младите, европратениците успеаја да обезбедат 479,1 милиони евра повеќе како поддршка од предлогот на ЕК. Договорени се обврски од 169,5 милијарди евра и исплати од 170,6 милијарди евра.

Споредено со предлогот на ЕК од јули биуџетот е зголемен за 480 милиони евра.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот