Европскиот парламент ги одобри дигиталните потврди за вакцинанија

Фото: EPA-EFE/OLIVIER HOSLET

Европскиот парламент на седницата во Стразбург, синоќа ја одобри одлуката за донесувањето на дигитални зелени потврди за вакцинираното население.

Со овие дигитални потврди ќе се знае дали луѓето се вакцинирани, имаат негативен тест или веќе го имаат прележано вирусот, со што ќе се олеснат патувањата меѓу државите во Унијата.

Целта на земјите членки е да се олабават мерките за патување во државите, да се укине карантинот, да не се прават тестови и укинување на сите други рестрикции.

Зелените потврди ќе се употребуваат 12 месеци, и ќе покажуваат дали човекот има прележано Ковид-19, дали е вакциниран и дали има негативен тест во последните 72 часа. Тие ќе бидат бесплатни за населението, а ќе се достапни во електронска форма или со код за скенирање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот