Европскиот парламент бара построги закони за домашните миленичиња - Слободен печат

Европскиот парламент бара построги закони за домашните миленичиња

Резолуцијата бара во стратегијата на Европската комисија да се вклучи и повик до луѓето да посвојуваат, наместо да купуваат домашни миленичиња.

Европскиот парламент усвои резолуција со која бара колективна европска стратегија за заштита на домашните миленичиња, со посебен фокус врз илегалната трговија.

Европските пратеници бараат од Европската комисија да изготви европска стратегија која ќе предвидува задолжителна регистрација и идентификација на мачките и на кучињата во Европската унија, како и построги санкции против фалсификувани пасоши за животни.

Една од главните преокупации на европратениците е илегалната трговија со домашните миленичиња, според нив потребно е да се воведат јасни правила за одгледување на домашните животни во сите земји на ЕУ, со што ќе се обезбеди нивната благосостојба, и истовремено ќе се избегне нелојалната конкуренција помеѓу земјите членка, а со тоа и разликата во цените.

Прочитајте и...  Пристапот до финансирање од буџетот на ЕУ ќе биде условен

Многу миленичиња се одгледувани на нелегален начин, во штетни услови, и се препродаваат ширум ЕУ за евтина цена.

Шверцот претставува траума за животните, најчесто тие се прерано одвоени од мајката и не се соодветно хранети. Притоа, илегалната трговија носи ризик од болести бидејќи тие најчесто не се вакцинирани. Потрошувачите, според пратениците, купуваат миленичиња за поевтина цена без притоа да бидат свесни за ризиците.

Резолуцијата бара во стратегијата на Европската комисија да се вклучи и повик до луѓето да посвојуваат, наместо да купуваат домашни миленичиња.

Дури 74 отсто од граѓаните на ЕУ сметаат дека домашните миленичиња не се доволно добро заштитени законски.

Резолуцијата беше усвоена со 66 гласа за, нула против и три воздржани, и ќе треба да биде изгласана на пленарно ниво во наредните недели.

Прочитајте и...  Речиси 60 отсто од Словенците сметаат дека предвремените парламентарни избори се добри за излез од политичката криза

Прочитај повеќе

Милановиќ денеска официјално ќе биде инаугуриран како петтиот претседател на Хрватска

Слободен печат

Коронавирусот предизвика бум кај сопствениците на авиони за летови кон Кина

Слободен печат

Три лица загинаа во невремето Денис во Велика Британија (ВИДЕО)

Слободен печат

Институт: Американско-кинескиот трговски договор тешко ќе ја погоди Германија

Слободен печат

Поповиќ: Со новата методологија фокусот е добро управување – нешто што тешко се постигнува во краток рок

Слободен печат

Кројачите нема кој да ги замени, а наместо штоф новата облека сè повеќе е синтетика

МИА

Остави Коментар

5 × четири =

Прочитај повеќе

„Чекориме за правда“: Народот е желен за правда – на ред е ЕУ

Слободен печат

Три четвртини од австралиските граѓани се погодени од пожарите во земјата

Слободен печат

Град Скопје вечерва ќе ја презентира програмата за работа на „Лајка“

Слободен печат

Парламентот на Република Српска ги поддржа барањата за промени во Уставниот суд

Слободен печат

Советник на Џонсон поднесе оставка поради расистички коментари на интернет

Слободен печат

Таткото на Асанж е загрижен дека неговиот син ќе се соочи со смртна казна доколку биде екстрадиран во САД

Слободен печат