Европскиот БДП ќе падне меѓу 2 и 10 проценти, се зависи од „коронакризата“

Сите најголеми светски економии, освен кинеската, оваа година ќе влезат во рецесија, заради пандемијата на коронавирусот, при што бруто домашниот производ на еврозоната би можел да падне меѓу 2 и 10 отсто, зависно од траењето на „коронакризата“.

Неодамна аналитичарите очекуваа стабилен раст на глобалната економија, но ситуацијата се влоши исклучително брзо.

За само неколку месеци, од кога кинеските медиуми почнаа со вестите за ширењето на коронавирусот и воведување на карантин во земјата, вирусот се прошири во повеќе од 200 држави, при што бројот на заразени надмина 640.000, а починаа 30.000 лица.

За да го спречат ширењето на вирусот, многу држави ги ограничија патувањата, ги затворија училиштата, забранија јавни собири, ги затворија рестораните и другите услужни локации, ги одложија спортските и културни настани итн.

Пандемијата предизвика големи проблеми и во набавните синџири и многу држави ги доведе до чекор на самоизолација.

Тоа предизвика блокади на секојдневниот бизнис и ги бутна најголемите светски економии во првата рецесија од финансиската криза во 2008 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот