Европски вицешампион го засили МЗТ Скопје Аеродром

фото:фејсбук/мзт

Поранешниот репрезентативец на Србија во младински категории, Ѓорѓе Милошевиќ (26 год, 200 см) е најновата аквизиција за МЗТ Скопје Аеродром, откако денеска потпиша договор со важност до крајот на сезоната.

Станува збор за искусен кошаркар, кој игра на позицијата ниско крило, но кој исто така добро се снаоѓа и како бек-шутер.

Досегашната кариера ја има минато во само два клуба и тоа во некогаш еден од најдобрите српски тимови, Хемофарм Вршац (2011-2014) и босанска Игокеа (2014-2019).

Милошевиќ зад себе има дури пет сезони одиграни во престижната АБА-лига, а може да се пофали со три шампионски трофеи во Босна и Херцеговина и пет победи во Купот на оваа земја.

Со репрезентацијата на Србија, пак, има сребрен медал од ЕП 2011 за јуниори, како бронза од ЕП 2009 за кадети. Неговото деби во „сино-белиот“ дрес се очекува за следниот меч од АБА2-лигата и тоа на гости кај Ловќен следниот четврток.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот