Европски суд за човекови права: Пресуда против Турција за затворање на опозициски новинари

Фото: EPA-EFE/PATRICK SEEGER

Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) ја осуди Турција поради притворање на десет новинари на опозицискиот весник „Чумхуриет“ во 2016 година под сомнение „за правење на пропаганда за организации кои се прогласени за терористички” од страна на турскиот режим, јави дописникот на МИА.

– Мерката притвор, што беше изречена во контекст на кривичната постапка против нив, претставува мешање во остварувањето на нивното право на слобода на изразување, оцени во својата пресуда судот од Стразбур.

Еден од жалителите, кој беше во притвор од 2016 година, излезе на слобода во април во 2018 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот