Европски стрип-проект: Логистичка поддршка за развој на деветата уметност

Стрип-центарот на Македонија (СЦМ) во Велес почна со локалната имплементација на меѓународниот проект „CAN (Comic Alliance Networking) for Balkans“, финансиран од програмата „Креативна Европа“ на Европската унија. Носител на неколкугодишниот проект е Музејот на историјата во округот Брашов, Романија, а покрај македонскиот стрип-центар, партнери во проектот се Белгискиот стрип-центар од Брисел, стрип-училиштето „Никола Митровиќ Кокан“ од Лесковац, Србија, како и Државниот историски музеј од Тирана, Албанија.

– Основа на проектот е историскиот стрип во наведените земји, што му дава важност во две насоки: афирмирање на социјалната примена на стрипот (во овој случај националната историја), како и меѓународната размена и соработка. Благодарни сме што РС Македонија е дел од овој проект, а истиот претставува континуитет на нашата соработка со сите партнерски земји. Во кратки црти, активностите во рамките на проектот се сведуваат на: А) истражувачки активности на темата историски стрип; Б) меѓународен тематски стрип-конкурс од областа на историските јунаци, што ќе биде објавен наесен оваа година; и В) организирање на неколкудневни тематски настани и изложби во опфатените земји со посетеност од преку 50 стрип-автори. Во нашата земја таков настан ќе се организира на крајот на август во Велес. Меѓу бенефитите на проектот се логистичката поддршка на партнерските организации и стимулирањето на професионалната работа во интерес на развојот на деветата уметност кај нас – истакнува Томе Трајков, програмски координатор во СЦМ.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 77, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 17-18 април 2021)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот