Европски совет бара од Кина да ја убеди Русија војната да заврши

Фото: EPA-EFE/ALEXEI NIKOLSKY

Претседателот на Европски совет, Шарл Мишел на денешната средба во Пекинг го повика кинескиот претседател Си Џинпинг да го искористи своето влијание врз Русија за завршување на војната во Украина.

Мишел истакна дека три часа разговарал со Си, а „многу време” поминале во дебата за ситуацијата во Украина. Тој додаде дека го повикал Си да го искористи влијанието на Кина како постојана земја-членка на Советот за безбедност на Обединети нации и да ја убеди Русија да ги прифати правилата на меѓународното право.

„Претседателот Си многу јасно кажа дека Кина не и испраќа никакво оружје на Русија“, посочи Мишел.

Тој додаде дека за Си „не се прифатливи руските нуклеарни закани”.

„Искрено се надевам дека меѓународната заедница, вклучително и Кина, ќе ги искористи сите можни алатки и инструменти за да ги убеди Кремљ и Русија да ја прекинат војната и да го почитуваат територијалниот интегритет на Украина“, истакна Мишел.

Како што претходно јави кинеската државна телевизија ЦЦТВ, Си на средбата со Мишел истакна дека Кина ќе продолжи да ја зајакнува стратешката комуникација и координација со ЕУ и оти се надева дека институциите на ЕУ и земјите-членки ќе воспостават објективна и правилна перцепција за Кина.

„Кина ќе остане отворена за европските компании и се надева дека ЕУ може да го елиминира мешањето за да обезбеди фер и транспарентно деловно опкружување за кинеските компании“, посочи Си без да прецизира на какво мешање мисли.

Си наведе дека Кина и ЕУ треба да ја зајакнат координацијата за макроекономските политики, заеднички да создадат нови двигатели на раст и да ја гарантираат безбедноста, стабилноста и доверливоста на индустриските синџири на снабдување

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот