Европски регуларен одбор за лекови одобри пуштање во промет вакцина против ебола

Надлежниот Европски регулаторен одбор за лекови денеска препорача вакцината против ебола на компанијата „Мерк & Ко” да добие дозвола за пуштање во промет, со што светот ќе ја добие првата официјално одобрена вакцина против оваа ретка и смртоносна болест.

Во соопштението на Европската агенција за лекови (ЕМА) се наведува дека нејзиниот одбор препорачал во Европската унија условно да се одобри пуштање во промет на вакцината Ервебо за лица од 18 години, кои се изложени на ризик од контакт со вирусот ебола.

Конечното одобрување зависи од Европската комисија, која главно ги следи препораките на Одборот за лекови за човечка употреба (ЦХМП).

Светската здравствена организација (СЗО) ја поздрави оваа одлука и најави дека ќе почне со преквалификација на вакцината (гаранција дека лекот е безбеден и ефикасен).

Прочитајте и...  Отворено писмо од Шербеџија за нападите од медиуми кон Тозија - Не треба да се предадеш!

– Условното одобрување на првата светска вакцина против ебола е триумф за јавното здравство и сведоштво за соработка без преседан на експерти од целиот свет, наведе во соопштение генералниот директор на СЗО, Тедрос Адан Гебрејесус.

Оваа хеморагична треска првпат е откриена во Конго во 1976 година, се пренесува преку директен контакт со телесни течности и обично е смртоносна за речиси половина од заразените.

Во моментов нема одобрени лекови за ебола, а податоците добиени со тестирање и на база на доброволно користење покажуваат дека Ервебо е ефикасен во заштитата од вирусот по примање на една доза, соопшти ЕМА.

Вакцината е тестирана на околу 16.000 луѓе и моментално е на разгледување за добивање дозвола во САД.

Прочитајте и...  Д-р Грубовиќ Растворцева за лекувањето со крвна плазма на болните од Ковид-19 - Критериуми, испитувања и евентуален ризик (ВИДЕО)

Во сегашната епидемија на ебола во Демократска Република Конго се заразени повеќе од 3.000 луѓе.

Прочитај повеќе

Шпанија ги отвора границите за туристите од безбедните земји

Слободен печат

Уредување и разубавување на улицата на Тоше во Крушево

Слободен печат

Трагичен крај на потрагата: Киднапираната мексиканска конгресменка пронајдена мртва

Слободен печат

Авганистан и Талибанците во фокусот на Русија, Кина, Пакистан и САД

Слободен печат

Затворањето на границите ќе ја скрши економијата: Грчките лекари загрижени по пристигнување на заразени патници од Катар

Слободен печат

Во Вашингтон шести ден протести против расизмот и полициското насилство (ВИДЕО

МИА Агенција

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Инспектори спречени да направат контрола во угостителски објект, внатре бил претседател на политичка партија (ВИДЕО)

Слободен печат

Армијата ќе учествува на мировна операција во Либан

Слободен печат

Фрчкоска: Ја однеле Јанева во ДЗР без никаква најава, не и биле овозможени нејзините права

Слободен печат

Меланија се насмевна по барање на Трамп, повеќе не изгледа како киднапирана покрај него (ВИДЕО)

Слободен печат

Лукашенко ја распушти Владата на Белорусија

Слободен печат

Филипче: Рестрикцијата на движењето дополнително ќе помогне во идентификување на контактите

Слободен печат