Европски приказни: „Артконект“ го објави романот „Сината е најтоплата боја“ на Жил’ Маро

Издавачката куќа „Артконект“ во рамките на проектот „Европски приказни на надеж“, поддржан од „Креативна Европа“ на Европската Унија, го објави романот „Сината е најтоплата боја“ на Жил’ Маро. Преводот е на Филип Илиев.

Со „Сината е најтоплата боја“ Жил’ Маро постигнува огромен меѓународен успех и добива повеќе награди за книжевност и стрип. Тоа е брилијантен, слатко-горчлив, впечатливо илустриран графички роман што раскажува за љубовта меѓу две девојки. Според книгата е снимен и истоимениот филм, добитник на наградата „Златна палма“ на Канскиот филмски фестивал.

„Ете како сè започна. Ете како почнав да живеам во тајност. Само Валентин знаеше. Измислував изговори за да минувам време со Ема“, ќе напише љубовницата на Ема, Клем, во својот дневник во романот.

Жил’ Маро е авторка и илустраторка од Франција. По завршувањето на академија за визуелни уметности во Брисел, Маро речиси целосно се посветува на уметноста на стрипот и на пишување графички романи.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 112, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 15-16 јануари 2022)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот