Европски официјални лица побараа од Фејсбук и Твитер да затворат профили на повеќе од 100 руски амбасади и државни институции

Фото: twitter

 Европски официјални лица побараа од Фејсбук и Твитер да затворат профили на повеќе од 100 руски амбасади и државни институции, обвинувајќи ги за ширење дезинформации за војната во Украина, пишува Фајненшл тајмс.

Политичари од САД и од ЕУ сакаат платформи, како Фејсбук и Твитер, да направат повеќе, околу справувањето со дезинформации на интернет, поврзани со инвазијата на Украина, вклучувајќи и ограничување на над 100 руски профили на амбасади ширум светот, како и владини агенции како што е Министерството за одбрана.

Во текстот објавен на Фајненшл тајмс, пишува дека овие групи ги туркале лажните наративи на Кремљ, вклучително и тоа дека жртвите во бомбардирањето на Мариупол не биле цивили, дека Украина е подложена на „нацификација”, дека земјата планира да изврши биохемиски напад.

Фејсбук, Јутјуб и ТикТок се меѓу оние платформи кои беа принудени од официјални лица на ЕУ да се блокираат медиумите, поддржани од државата, Спутник и Раша тудеј месецов, додека компаниите презедоа други чекори за проверка на факти или намалување на досегот на одредена содржина.

По овие мерки излегоа обвинувања за цензура и дискриминација од Москва, што возврати со забрана на Фејсбук и на Инстаграм за руските државјани, а го ограничи пристапот до Твитер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот