Европски дипломат за преговорите со В. Британија: Има напредок, но нема договор, можна нова рунда разговори по 1 јануари

Фото: mia.mk

Европската Унија (ЕУ) е подготвена да преговара со Велика Британија и по крајот на преодниот рок (31 декември), изјавија дипломатски извори за западни медиуми, откако европскиот преговарач Мишел Барние информираше за текот на преговорите со Лондон.

– Постигнат е напредок. Повеќето прашања се затворени однапред или близу до договор. Сепак, разликите за риболовот и натаму е тешко да се надминат, изјави европски дипломат.

Дипломатот, кој сакаше да остане анонимен, рече дека преговарачите на ЕУ се „во последен обид” да постигнат договор. Но, „ЕУ нема да ги затвори вратите кон Велика Британија и останува подготвена да преговара и по 1 јануари”, кога ќе заврши преодниот рок, додаде тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот