Европската воздухопловна индустрија бара итна поддршка од ЕУ поради пандемијата со коронавирусот

Важноста на авиоиндустријата за Европа е поткрепена и со податоците за повеќе од 12 милиони работни местта во таа индустрија и со над 800 милијарди евра вкупен придонес во европските економски активности.

Во заедничка изјава или апел поради „невидената криза со ликвидноста”, Европската воздухопловна индустрија ги повика институциите и членките на ЕУ да обезбедат итна, подобра и покоординирана поддршка за таа индустрија, која целосно запре и се бори да преживее поради пандемијата на Ковид-19.

Тие, исто така, предупредуваат дека авијацијата е стратешки важен сектор, кој најмногу придонесува за целокупната европска економија и вработување, а сега Европејците веќе не се во можност да патуваат поради кризата со коронавирусот, а аеродромите низ цела Европа не се оперативни.

Важноста на авиоиндустријата за Европа е поткрепена и со податоците за повеќе од 12 милиони работни местта во таа индустрија и со над 800 милијарди евра вкупен придонес во европските економски активности. Тоа изнесува и 3,3 отсто од вкупната вработеност и 4,1 процент од вкупниот БДП во европските земји.

Поради се тоа потписниците на апелот сметаат дека се потребни посилни проактивни мерки и акции за поддршка на индустријата и помош за нејзино натамошно заздравување. Тие ги поздравуваат досегашните иницијативи на Европската комисија за итна помош во целните области на животот и бизнисот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот