Титулата на Ливерпул крунисана со златни „Ајфони“ (ФОТО)

twitter.com/Football__Tweet

Секој од телефоните е персонализиран со печатено презиме и број на играчот на Ливерпул.

Според „Дејли мејл” цената на еден ваков телефон е околу четири илјади евра.

Во финалето на Лигата на шампионите на почетокот на месецот, Ливерпул го победи Тотенхем со резултат 2:0.

Редси стигнаа до шестиот европски трофеј со головите на Мохамед Салах и Дивок Орижи на „Ванда Метрополитано“, Мадрид.

Овој голем успех се славеше по улиците на Ливерпул заедно со своите верни навивачи.

Ем европска титула, ем позлатени телефони, навистина голема успешна сезона за фудбалерите на Ливерул предводени од менаџерот Клоп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот