Европската полиција истражува повеќе од 5.000 криминални групи кои заработуваат 110 милијарди евра

Фото: EPA-EFE/Frederic Scheiber

Хрватскиот министер за внатрешни работи Давор Божиновиќ, кој беше претседател на состанокот на министрите за внатрешни работи на ЕУ, рече дека граѓаните со право очекуваат владите да ја заштитат нивната безбедност.

Европскиот комесар за внатрешни работи Илва Јохансон изјави синоќа во Загреб дека европската полиција моментно истражува повеќе од 5.000 криминални групи кои заработуваат 110 милијарди евра.

По неформалниот состанок на министрите за внатрешни работи на ЕУ, таа на прес-конференција рече дека тие биле во можност да замрзнат само еден процент од приходите и најави усвојување план за заплена на незаконски стекнати пари, јавија хрватски медиуми.

Хрватскиот министер за внатрешни работи Давор Божиновиќ, кој беше претседател на состанокот, рече дека граѓаните со право очекуваат владите да ја заштитат нивната безбедност.

Европските министри разговараа за борбата против организираниот криминал, тероризмот, трговијата со луѓе, заштитата на децата на интернет, како и миграцијата и сузбивање на мрежата за шверц на луѓе.

Неформалната средба во Загреб ја одржаа министрите за правда, при што комесарот за правда на ЕК, Дидие Рејндерс,  најави дека во февруари ќе се водат разговори за првиот извештај за владеењето на правото во ЕУ, што ќе служи за испраќање препораки и создавање политички притисок врз европските држави кои немаат независно судство.

„Ние би сакале да го видиме првиот годишен извештај за владеење на правото поставен на маса за време на германското претседателство”, рече Рејндерс.

Германија ќе го преземе претседателството со ЕУ од Хрватска на 1 јули годинава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот