Европската перспектива на Западен Балкан една од темите на средбата Мицотакис – Радев во Атина

Фото: Профимедиа

Премиерот на Грција, Кирјакос Мицотакис и претседателот на Бугарија, Румен Радев на денешната средба во Атина, ја изразиле нивната поддршка за европската перспектива на Западен Балкан под предуслов да има строго придржување до условеноста, брифираат грчки владини извори, јави дописничката на МИА од Атина.

На средбата во премиерската палата во Атина станало збор за прашањата што се однесуваат на соседството и на предизвиците што постојат, а акцентот бил ставен на мигрантското прашање и процесот на проширување на ЕУ.

Во однос на мигрантското прашање изразиле поддршка за Договорот ЕУ- Турција и изразиле загриженост за случувањата на Блискиот Исток.

Бугарскиот претседател, според истите извори, споменал дека Грција и Бугарија се стратешки партнери и ја истакнал билатералната соработка во повеќе области како што е енергетиката и прашањата поврзани со безбедноста, а грчкиот премиер се осврнал на блиските врски на пријателство и соработка меѓу двата народа.

Претседателот на Бугарија, Румен Радев допатува во Грција на состанокот на претседателите на земјите од групата „Араиолос” што ќе се одржи утре во Атина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот