Европската перспектива на Западен Балкан една од темите на средбата Мицотакис – Радев во Атина

Премиерот на Грција, Кирјакос Мицотакис и претседателот на Бугарија, Румен Радев на денешната средба во Атина, ја изразиле нивната поддршка за европската перспектива на Западен Балкан под предуслов да има строго придржување до условеноста, брифираат грчки владини извори, јави дописничката на МИА од Атина.

На средбата во премиерската палата во Атина станало збор за прашањата што се однесуваат на соседството и на предизвиците што постојат, а акцентот бил ставен на мигрантското прашање и процесот на проширување на ЕУ.

Во однос на мигрантското прашање изразиле поддршка за Договорот ЕУ- Турција и изразиле загриженост за случувањата на Блискиот Исток.

Бугарскиот претседател, според истите извори, споменал дека Грција и Бугарија се стратешки партнери и ја истакнал билатералната соработка во повеќе области како што е енергетиката и прашањата поврзани со безбедноста, а грчкиот премиер се осврнал на блиските врски на пријателство и соработка меѓу двата народа.

Прочитајте и...  Г-20 издвои повеќе од 21 милијарда долари за борба против коронавирусот

Претседателот на Бугарија, Румен Радев допатува во Грција на состанокот на претседателите на земјите од групата „Араиолос” што ќе се одржи утре во Атина.

Прочитај повеќе

Индија ја стигна Италија по бројот на заразени од коронавирусот

Слободен печат

Г-20 издвои повеќе од 21 милијарда долари за борба против коронавирусот

Слободен печат

Минеаполис донесе забрана за задушување на лице за време на приведување

Слободен печат

Кина пријави три нови увезени случаи на Ковид-19

Слободен печат

Хаос во Мексико: Приведени полицајци за смртта на млад човек во полициски притвор (ФОТО+ВИДЕО)

Слободен печат

Болсонаро со закана до СЗО, над 35.000 починати од Ковид-19 во Бразил

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Парли: Француските вооружени сили го убија шефот на Ал Каеда во северна Африка

Слободен печат

Трудо на протест против расизмот, клекна во знак на солидарност

Слободен печат

Фејсбук започна да ги означува страниците создадени од кинески и руски државни медиуми

Слободен печат

Ахмети посака Албанец за премиер, СДСМ порача дека со овој услов ДУИ нема да бидат дел од владината коалиција

Слободен печат

Активни 1.009 случаи на коронавирус во земјава, очекувањата се вториот бран кратко да трае

Слободен печат

Втор ден карантин за четири града, Филипче повика граѓаните да се придржуваат до мерките за заштита

Слободен печат