ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ЗАКЛУЧИЛА: Чешкиот премиер Бабиш е во судир на интереси

Фото: МИА

Европската комисија утврди дека чешкиот премиер Андреј Бабиш е во судир на интереси заради неговата поранешна деловна империја што ја остави во надлежност на фондови, објави чешкиот весник „Респект”, повикувајќи се на неименувани извори.

Европската комисија соопшти дека ги доставила резултатите од истрагата до чешките власти.

Чешкиот весник нагласува дека информациите за документот доаѓаат од два извора запознати со содржината.

Според западни медиуми, информации за документот нема ниту портпаролот на групата „Агроферт”, во која се сместени најголемиот дел од средствата на Бабиш, чија вредност според Форбс е околу 3,5 милијарди американски долари.

Компаниите во рамки на „Агроферт” групата се приматели на најголеми субвенции од ЕУ за спроведување земјоделски и инвестициски фондови во Чешка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот