Европската комисија предложи Северна Македонија да ги започне преговорите со ЕУ

фото: EPA-EFE/KOCA SULEJMANOVIC

Денеска евро-комесарот за проширување, Јоханес Хан, го претстави извештајот на Европската Комисија за Западен Балкан.

Во овој извештај, Северна Македонија и Албанија добија безусловна препорака за отпочнување на преговори.

Сега на ред е Советот на Европа да ја одобри препораката и да даде датум на Македонија да ги отпочне преговорите.

Хан потенцираше дека е постигнат напредок, но и дека престојат големи предизвици и денешниот извештај претставува и упатству за тоа како државите да постапуваат понатаму.

– Северна Македонија, не само што продолжи со амбициозните реформи, туку и договорот што го склучи со Грција, договорот со Бугарија е светол пример за зацврстување на регионалната соработка – изјави евро-комесарот.

Тој изјави дека Европската Комисија предлага Советот на Европа да ги започне преговорите со Албанија и Северна Македонија за да може Европската Унија да биде кредиилитетна и да одговриме на реформите што овие држави ги имаат направено.

Европарламентарецот Едвард Кукан, по излагање на Хан, изјави дека Европската Унија треба да превземе подраматични чекори во Западен Балкан.

– Треба да направеме преглед на инструментите кои ги имаме на располагање за да можеме да извршиме позтивен притисок врз партнерите од Западен Балкан – изјави Кукан.

Според него, доколку ЕУ не го направи тоа, интегритетот и авторитето на унијата ќе се лизне.

Известувачот за Северна Македонија во Европскиот Парламенто, Иво Вајгал, потенцираше дека доколку се сака стабилна Европа, потребни се стабилни, цврсти и демократски држави во Западен Балкан.

– Би сакал да нагласам дека не е само за принципите засновани врз заслуги, туку исто врз ветувањата. Ние се залагаме и ветувавме на народот и политичарите од Македонија дека доколку го испорачаат тоа што го очекуваме, односно доколку ги отворат своите политики, доколку можат да постигнат таков компромис, како што е Договорт со Грција, тогаш треба да бидат наградени а посветеноста треба да се почитува – изјави Вајгл.

Тој на крај потенцираше дека доколку не ги започне преговорите ЕУ со нашата земја, Унијата ќе го изгуби кредибилитетот во регионот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот