Европската Комисија нотира одреден напредок за усогласување со европските стандарди за истражување и иновации

Европска комисија/ Фото: Слободен печат/Архива

Постигнат е одреден напредок за усогласување со европските стандарди за истражување и иновации, наведува Европската комисија за напредокот на земјава во областа на науката во објавениот Годишен извештај.

– Во 2023 година, Државниот завод за индустриска сопственост регистрираше 581 патент, додека Министерството за образование и наука објави повици за шест нови акции во Европската област на истражување. Во декември 2023 година беа усвоени Стратегијата за паметна специјализација, главниот документ за политика за иновации и истражување со јасни приоритети специфични за секторот, и двогодишен Акциски план за 2024-2025 година.  Спроведувањето почна бавно бидејќи не беше доделен значаен државен буџет за 2024 година, нотира ЕК.

Ниски останале вкупните инвестиции во истражување и иновации  (само 0,38 отсто од БДП 2022 година), додека учеството на приватниот сектор во истражувањето останува како во изминатите години (0,1 процент од БДП). Се укажува дека сè уште не е развиена Националната мапа за трансфер на технологија и дека властите треба да го зајакнат нивното учество во новата Европска истражувачка област (European Research Area) и во новата Европска агенда за иновации (European Innovation Agenda).

-Продолжи учеството на земјата во рамковната програма на ЕУ за истражување и иновации Хоризонт Европа, додека во 2023 година 17 проекти добија средства од 3,4 милиони евра (30 отсто помалку средства од 2022 година), се посочува во Поглавјето за наука и истражувања од објавениот Годишен извештај на ЕК за напредокот на државата.

Во однос на иновациите, European Innovation Scoreboard 2024 ја класифицира земјата како „иноватор во подем“ со резултат од 45,1 процент од просекот на ЕУ, што бележи намалување од 4,5 проценти во споредба со 2023 година.

-Фондот за иновации и технолошки развој почна со реструктурирање со цел да се придржуваат до наодите на Државниот завод за ревизија. Академско-деловната соработка е зајакната со специјална програма за грантови, започната на почетокот на 2024 година, се наведува во извештајот.

Нотирано е и формирањето на национален EIT RIS центар кој почнал да ја промовира поддршката на EIT во областа образование, иновации, наука.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот