Европската комисија ќе ја претстави новата методологија за проширување на ЕУ на 5 февруари во Брисел

Европска комисија/ Фото: Слободен печат/Архива

Иако ЕК сè уште нема излезено со конкретен датум, извори на ЕУ најавуваат дека предлог за новата методологија, на која работи комесарот за проширување Оливер Вархељ, треба да биде усвоен на состанокот на комесарите в среда на 5 февруари, а потоа да биде претставен и на прес-конференција во Брисел.

Европската комисија својот предлог за нова методологија за процесот на пристапување во ЕУ ќе го претстави на 5 февруари во Брисел.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, Танјуг објави дека еден ден подоцна, на 6 февруари, еврокомесарот за проширување, Оливер Вархељ, лично ќе ги изнесе новите упатства за политика за проширување на ЕУ за време на посетата на Белград.

Откако Советот на ЕУ кон крајот на минатата година ја задолжи Европската комисија, да изработи предлог на нова методологија за пристапниот процес за земјите-кандидатки на ЕУ, од Комисијата изјавија дека го финализираат документот и дека наскоро ќе го претстават.

– Не сакаме да го менуваме проширувањето, туку да го подобриме процесот, изјави портпаролката на ЕК, Ана Писонеро.

Иако ЕК сè уште нема излезено со конкретен датум, извори на ЕУ најавуваат дека предлог за новата методологија, на која работи комесарот за проширување Оливер Вархељ, треба да биде усвоен на состанокот на комесарите в среда на 5 февруари, а потоа да биде претставен и на прес-конференција во Брисел.

Во Брисел оценуваат дека документот, кој треба да одговори на загриженоста на одделни земји-членки заради ефикасноста на досегашниот процес на пристапување во ЕУ, ќе биде „концизен”, со конкретни предлози за модернизација и подобра ефикасност на пристапниот процес, без промена на самата политика за проширување на ЕУ, објави Танјуг.

Дека Србија следната недела директно од Вархељ ќе добие „свежи вести” за тоа како ЕУ планира да продолжи со проширувањето, најави и известувачот на Европскиот парламент за Србија, Владимир Билчик.

Билчик изјави дека ќе допатува во Србија заедно со еврокомесарот за проширување, како дел од делегацијата на Европскиот парламент.

Оваа посета се очекува на 6 и 7 февруари, ден по претставувањето на новата методологија на политиката за пристапување на 5 февруари во Брисел.

– Се надевам дека ќе можеме да испратиме важна и јасна порака за нашата заложба за проширување и да донесеме вести за методологијата која ќе ја објави Европската комисија, кажа Билчик.

Известувачот за Србија вели дека вториот дел од неговата посета на Белград ќе биде посветен на разгледување на резултатите од меѓупартискиот дијалог за подобрување на изборните услови во Србија.

– Сакам да ги слушам сите страни и да видам како се спроведува договорот од првата фаза од меѓупартискиот дијалог. Сакам да слушнам за промените во условите за парламентарните избори што се очекуваат напролет, изјави Билчик.

Претходно, и шефот на Делегацијата на Европскиот парламент за Србија, Тања Фајон, најави дека ќе ја посети Србија на крајот на следната недела, заедно со еврокомесарот Вархељи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот