Европската Комисија ќе додели 15 милиони евра помош за Албанија

Фото: EPA-EFE/MALTON DIBRA

Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен соопшти дека Европската Комисија реши да даде 15 милиони евра за Албанија за санирање на штетите од страшниот земјотрес што ја погоди земјата на 26 ноември.

Во изјава за медиумите таа кажа дека Европската Унија се солидаризираше со ситуацијата не само со зборови туку и со дела.

– Имав телефонски разговор со Рама во четвртокот. ЕУ се солидаризира со ситуацијата во Албанија не само со зборови туку и со дела. Ние ќе дадеме 15 милиони евра од Фондот за политика на добрососедство и договоривме да организираме донаторска конференција за Албанија, кажа Урсула фон дер Лајен.

Во четвртокот се очекува новиот комесар за справување со кризите, Јанез Ленарциц, да ја посети Тирана каде треба да зборува за плановите за новите градби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот