Европската комисија ја претстави дигиталната стратегија

Дигиталниот сектор е клучен фактор во борбата против климатските промени и реализацијата на зелената транзиција.

Европската комисија ја претстави дигитална стратегија која ќе ја направи Европа важен играч во дигиталното подрачје, во моментов ЕУ е зад САД и Кина.

Комисијата ја изнесе визијата за европско општество засновано врз дигитални решенија направени по мерка на човекот, кои им даваат на бизнисите нови можности и го поттикнува развојот на сигурна технологија за промовирање на отворено и демократско општество и динамична и одржлива економија. Дигиталниот сектор е клучен фактор во борбата против климатските промени и реализацијата на зелената транзиција.

-Денес ги презентираме нашите цели за градење дигитална иднина на Европа. Опфатени се подрачја кои се движат од сајбер-безбедност, клучни инфраструктури, дигитално образование и вештини до демократија и медиуми. Би сакал да ја видам дигиталната Европа како го одржува најдоброто од Европа – отвореност, праведност, разновидност, демократија и доверба- рече претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен.

Комисијата ја откри Белата книга, отворајќи јавна расправа за рамката за сигурноста на вештачка интелигенција која е темел на извонредност и доверба. Целта е во партнерство со приватниот и јавниот сектор, да се мобилизираат ресурсите по целиот ланец на вредности и да се создадат соодветни стимулации за побрзо распоредување на вештачката интелигенција, вклучително и во малите и средни претпријатија.

-Европа ги има сите предуслови да стане светски лидер во безбедни и употребливи системи на вештачка интелигенција. Имаме одлични истражувачки центри, безбедни дигитални системи и напредна роботика, како и конкурентни производствени и услужни сектори, од автомобилскиот и енергетскиот сектор до здравствената заштита и земјоделството- наведува Комисијата.

Претседателот на Комисијата Урсула фон дер Лејен посочува дека „вештачката интелигенција мора да им служи на луѓето и секогаш да биде во согласност со човековите права“.

-Ова е токму причината зошто мора да има контрола врз критичните одлуки. Таканаречената високо-ризична вештачка интелигенција мора да биде проверена и сертифицирана пред да може да се појави на пазарот- рече Фон дер Лејен.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот