Европската комисија интензивно го следи однесувањето на полицијата во Хрватска со мигрантите

Хрватска полиција
Полиција, Хрватска / Фото: Профимедиа/Илустрација

Сериозно ги сфаќаме овие наводи, и знаеме дека ова е прашање со кое Хрватска треба да се справи, во контакт сме со хрватските власти, побаравме да се справат со ова, да мониторираат одблиску и да ја информираат Европската Комисија, рече Адалберт Јанз.

Европската Комисија е запознаена со медиумските извештаи за полициска бруталност во Хрватска кон мигрантите на границата и од блиску ја набљудува ситуацијата, потврди денеска Европската Комисија.

– Сериозно ги сфаќаме овие наводи, и знаеме дека ова е прашање со кое Хрватска треба да се справи, во контакт сме со хрватските власти, побаравме да се справат со ова, да мониторираат одблиску и да ја информираат Европската Комисија, ги поддржуваме напорите на Хрватска да обезбеди почитување на темелните права на нејзината граница, и на барање на Европската Комисија воведен е механизам за да се осигури дека сите активности на границата се во согласност со правото на ЕУ – изјави попладнево портпаролот на ЕК, Адалберт Јанз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот