Европската комисија донесе важна одлука во врска со вакцините за коронавирус

EPA EFE
Фото: EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY

Секоја вакцина ќе доаѓа со своја техничка спецификација, која мора да се земе предвид при вакцинацијата. 

Европската агенција за лекови ќе ги стави на располагање клиничките податоци и нејзините процени на сите кандидати за вакцини против ковид – 19 со цел да се изгради доверба кај јавноста кога станува збор за вакцинацијата.

Европската комисија забележува дека сè уште нема вакцина против ковид – 19 на територијата на ЕУ, која доби одобрение за употреба од Европската агенција за лекови.

„Секоја вакцина доаѓа со своја техничка спецификација, која мора да се земе предвид при вакцинацијата. Некои вакцини се подобри во спречувањето на пренесувањето и затоа се најдобри во вакцинирањето на здравствените работници и секој што има многу контакт со други луѓе. Другите помагаат да се спречи развојот на болеста и како такво може да биде добро за ранлив дел од населението“, вели портпаролот на Комисијата, Стефан де Керсмакер, пренесува Танјуг.

Според претходните најави, Европската агенција за лекови треба да ги издаде првите одобренија за употреба на вакцината ковид 19 во ЕУ до крајот на декември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот