Европската комисија до банките: Полесно давајте им кредити на граѓаните и стопанството

epa08381969 A line of willing shoppers stretches from one of the stores at Alexanderplatz square in Berlin, Germany, 24 April 2020. Shops under 800 square meters were allowed to re open under some restrictions at the German capital. The German government and local authorities are beginning to consider to gradually end restrictions made to cope with the spread of the coronavirus SARS-CoV-2 which causes the COVID-19 disease. EPA-EFE/OMER MESSINGER

Сега со предлог уредбата се воведуваат и одредени намерни измени со кои максимално се зголемува способноста на банките да даваат кредити и да ги апсорбираат губитоците поврзани со коронавирусот.

Европската комисија во вторникот објави пакет мерки за полесно кредитирање на домаќинствата и стопанството за да им се помогне полесно да се соочат со економските последици од пандемијата од коронавирусот.

„Банкарскиот сектор може многу да помогне во ублажувањето на штетите по стопанството. За банките да не мора да го запираат дотокот на готови пари и за да можат граѓаните и претпријатијата да ги добиваат потебните финансиски средства, ја искористивме сета флексибилност вградена во банкарските прописи на ЕУ и предложивме целисходни законодавни измени“; изјави Валдис Домбровски, извршен потпретседател на Комисијата надлежна за еврото.

Пакетот вклучува целни „брзи измени“ на банкарските прописи на ЕУ.

ЕУ по финансиската криза донесе прописи со кои е зголемена отпорноста на банките и нивната подготвеност да се соочат со ударите врз стопанството. Тие прописи, меѓудругото предвидуваат банките и нивните надзорни тела во текот на економската криза да постапуваат на флексибилен, но одговорен начин за да можат да ги поддржат граѓаните и претпријатијата, првенствено малите и средните претприемачи.

Сега со предлог уредбата се воведуваат и одредени намерни измени со кои максимално се зголемува способноста на банките да даваат кредити и да ги апсорбираат губитоците поврзани со коронавирусот.

Во интерпретативната комуникација, Комисијата ги поттикнува банките и надзорните тела да ја искористат флексибилноста во сметководството односно бонитетот во рамките на ЕУ.

Комисијата предлага и скратување на рокот на примена на одредени договорени мерки со кои банките се поттикнуваат на финансирање на вработени лица, мали и средни претпријатија и инфраструктурни проекти.