Европската Комисија бара од сите да не го политизираат пописот

Попис 2021 / фото: МИА

На прашање на МИА за изјавите на бугарскиот претседател пред пописот во Северна Македонија, од Европската Комисија бараат сите страни да се однесуваат конструктивно и да не го политизираат процесот, јави дописничката на МИА од Брисел.

Македонската влада и македонскиот претседател обвинија за неоправдани притисоци од страна на иницијативата на бугарскиот претседател Румен Радев да свика состанок на безбедносните служби за наводно непочитување на правото на самоопределување на Бугарите во Северна Македонија непосредно пред пописот.

Од Европската Комисија ја охрабруваат Северна Македонија да го спроведе пописот во согласност со сите европски стандарди и регулативи, вели за МИА портпаролката Ана Писонеро.

Северна Македонија се охрабрува да спроведе попис во согласност со европските стандарди и регулативите на ЕУ како дел од претпристапните подготовки и Евростат постојано го поддржува Државниот завод за статистика да ги усогласи статистиките со стандардите на ЕУ. Пописот треба да остане статистичка операција, а не политичка, и ги повикуваме сите кои придонесуваат за пописот да го прават тоа на конструктивен начин, изјави Писонеро за МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот