Европската Комисија бара буџетска флексибилност за земјите членки на ЕУ и во 2022 година

Европската Комисија (ЕК) предлага да се продолжат правилата за буџетска флексибилност и во 2022 година. Економската криза предизвикана од коронавирусот сè уште буџетска помош за земјите членки на Европската Унија (ЕУ), смета ЕК и денеска им предложи на владите да дадат согласност за уште една година флексибилност.

Во ЕУ правилата ги обврзуваат земјите членки да го задржат јавниот дефицит под три отсто, а долгот под 60 отсто од бруто домашниот производ, но поради економската криза Европската Комисија минатата година ги олесни овие правила.

Денеска оцени дека релаксацијата и помошта за државите треба да продолжи уште една година за да се избегне поголема штета. Земјите членки се договорија и за посебна помош во облик на заеми во име на ЕУ кога се гласаше седумгодишниот буџет.

Европската Комисија смета дека не треба враќање на старо пред 2023 година, но крајната одлука ја носат земјите членки на ЕУ, што значи дека повторно ќе се отвори буџетска дебата помеѓу владите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот