Европската инвестициска банка со 40 милиони евра ќе поддржи медицински истражувања за рак

Фото: МИА

ИТМ е група на биотехнолошки и радиофармацевтски приватни компании кои работат на развивање на специфични и таргетирани третмани против ракови за кои постојат ограничени третмани, како коскени метастази или невроендокринолошки тумори.

Европската инвестициска банка (ЕИБ) ќе ги поддржи медицинските истражувања за ракот со 40 милиони евра фондови за технологијата на компанијата ИТМ.

ИТМ е група на биотехнолошки и радиофармацевтски приватни компании кои работат на развивање на специфични и таргетирани третмани против ракови за кои постојат ограничени третмани, како коскени метастази или невроендокринолошки тумори.

Европската Комисија попладнево соопшти дека ќе ја поддржи оваа компанија преку Европската инвестициска банка во своите истражувања за иновативни дијагностички и терапевтски радиофармаколошки решенија.

-Горд сум што Европската Комисија ги поддржува овие иновативни истражувања на ИТМ за ракот. Овие напори можат да се покажат витални за толку многу луѓе, изјави еврокомесарот за економија, Паоло Џентилони.

Со овие фондови компанијата се надева дека ќе може да ја интензивира својата работа во областа на борбата против формите на рак за кои постојат помалку третмани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот