Европската банка за обнова и равзој е значаен партнер на Македонија за успешно исполнување на критериумите за ЕУ

Фото: МИА

На средбата на владината делегација во ЕБОР во Лондон, е потенцирано дека главни области во кои се очекува поддршката од банката во насока на зајакнување на економските реформи се јакнење на капацитетите на човечкиот капитал со мерки за зголемување напродуктивноста и инвестициите во образованието, како и поддршка на конкурентноста на компаниите за рамноправно учество на глобалните пазари.

Европската банка за обнова и равзој (ЕБОР) е значаен партнер на Северна Македонија со финансиската поддршка на нашите напори за успешно исполнување на потребните критериуми и стандарди за приближување кон Европската унија, истакна премиерот Оливер Спасовски на средбата во Лондон со претседателот на ЕБОР Сума Чакрабати.

На средбата заеднички е констатирано задоволство од досегашната соработка, од ЕБОР е најавена намера да иницираат потпишување меморандум за соработка за поддршка на преговорите за членство на нашата држава во ЕУ, соопшти владината прес-служба.

На средбата на владината делегација во ЕБОР во Лондон, е потенцирано дека главни области во кои се очекува поддршката од банката во насока на зајакнување на економските реформи се јакнење на капацитетите на човечкиот капитал со мерки за зголемување напродуктивноста и инвестициите во образованието, како и поддршка на конкурентноста на компаниите за рамноправно учество на глобалните пазари.

Како приоритетни области за заедничка соработка и поддршка остануваат финансирањето на големите инфраструктурни проекти, инвестиции во обновливи извори на енергија и гасификацијата, како и поддршката на зелената економија, односно на давањето предност на незагадувачките и енергетски ефикасните индустрии, како и придобивките од четвртата индустриска револуција, односно дигитализацијата на услугите за зголемена ефикасност на ресурсите.

– Го поздравуваме ангажманот на ЕБОР во подржување со финансиски средства на нашите напори за успешно исполнување на потребните критериуми и приближување кон ЕУ. Очекуваме дека оваа поддршка ќе продолжи, истакна Спасовски и додаде дека главниот приоритет на владите од регионот е да го забрзаат економскиот раст на земјите од регионот, како и на регионот во целина.

Премиерот Спасовски изразил благодарност за поканата за учество на инвестицискиот самит на ЕБОР, што претставува чин на континуираната и силна поддршка на банката за подигање на стандардот и за унапредување на квалитетот на животот на граѓаните на Северна Македонија.

Како придобивка од соработката со ЕБОР е економскиот напредок на земјата и создадената позитивна клима за странски инвестиции што беше потврдено и со највисокото ниво на инвестиции во 2018 и 2019 година кога достигнаа вредност од 740 милиони евра.

– Поддршката на ЕБОР, во координација со владините економски политики за раст го поттикна и растот на индустриското производство во земјата за осум проценти од формирање на оваа влада, што поттикна раст на компаниите и отворање на нови работни места со што стапката на невработеност се намали за девет проценти, што е историски рекорд за земјата – рече премиерот Спасовски на средбата со највисоките функционери на ЕБОР во Лондон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот