Европската агенција за лекови против прерано одобрување на руската вакцина
„Потребни ни се документите за да можеме да ги прегледаме. Исто така во овој момент немаме податоци за вакцинираните луѓе. Тоа е непознато. Поради тоа советувам против давање национална дозвола за итна употреба“, кажа Виртумер Хохе.
„Ќе можеме да ја имаме Спутник V на пазарот кога соодветните податоци ќе бидат разгледани. ЕМА веќе ја почна проценката“, кажа таа.
Спутник V е веќе одобрен или е во фаза на проценка за добивање дозвола во три членки на ЕУ – Унгарија, Словачка и Чешка, а функционерите на ЕУ кажаа дека Брисел ќе почне преговори со произведувачот на таа вакцина ако тоа го побараат најмалку четири држави.
Унгарија е единствената членка на ЕУ каде се даваат руската и кинеската вакцина.