Европската агенција за лекови го одобри дексаметазонот за лекување на коронавирусот
Европската агенција за лекови ја одобри употребата на дексаметазон за третман на пациенти заболени со ковид-19 кои имаат проблеми со дишењето, отворајќи го патот овој стероид да стане втор одобрен лек за третман на ковид-19 во Европа по ремдесивирот.
ЕМА денеска објави дека лекот може да биде опција за лекување на возрасни и адолесценти на кои им е потребна терапија со кислород или респиратор, откако ги разгледа резултатите од студијата на британските научници.
Студија наречена „ RECOVERY“ спроведена од научници од Оксфорд покажала во јуни дека дексаметазонот ја намалува смртноста за околу една третина кај тешко болните лица со ковид-19. Лекот, во меѓувреме, е одобрен во Јапонија за третман на ковид-19.
Лекот се користи со децении, е ефтин и лесно достапен. Често се користи за разни воспалителни состојби. Компаниите сега можат да побараат дозвола од нивните национални регулатори или од ЕМА за дополнителна употреба на лекот, соопшти Агенцијата.