Европската агенција за лекови го брани својот пристап за одобрување на вакцината за коронавирус

Европската агенција за лекови (ЕМА) го брани својот пристап за одобрување на вакцината за коронавирус, велејќи дека тој е „најсооодветниот можен“, додека Велика Британија веќе даде зелено светло за вакцината на Фајзер и Бионтек.

ЕМА треба да се состане најдоцна до 29. декември за да одлучи дали ќе даде одобрение под услов за вакцина развиена од американскиот гигант Фајзер во партнерство со германската фирма за биотехнологија Бионтек.

Од британска страна, неколку членови на владата оценија дека излегувањето од ЕУ и овозможи на земјата да го забрза одобрувањето на вакцината пред нејзините европски соседи со тоа што ќе се ослободи од вообичаените прописи.

Во периодот на транзиција до 31. декември, Велика Британија е технички предмет на регулативите на ЕУ, вклучително и за лекови, но ја одобрила новата вакцина врз основа на итна мерка.

„ЕМА проценува дека условеното одобрување на употребата на вакцината е регулаторен механизам кој реагира најмногу при справување со вонредната состојба предизвикана од сегашната пандемија“, изјавила Европската агенција за Франс прес.

Во итни случаи во јавното здравство, лабораториите можат да побараат условно одобрување од европската агенција за значително забрзување на процесот што обично трае неколку години.

Според европското регулаторно тело, ова значи „цврста и контролирана“ рамка за проучување на лабораториски податоци и важни клинички испитувања пред да донесе каква било одлука.

„Овие се неопходни елементи за да се обезбеди високо ниво на заштита на граѓаните за време на масовната кампања за вакцинација“, додале од Европската агенција.

Извор: Бета.рс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот