Европската агенција за контрола и спречување на болести не е сигурна дали вирусот ќе исчезне во текот на летото

Не е сосема сигурно дека новиот коронавирус ќе исчезне во текот на летото, соопшти денеска Европската агенција за контрола и спречување на болестите – ЕЦДЦ.

Странските агенции пренесуваат дека тоа е сериозно предупредување дека епидемијата може да продолжи дури и кога надворешните температури се зголемуваат, освен ако не се преземат мерки за нејзино спречување.

Сепак, додаваат дека ова предупредување остава малку простор за надеж дека Ковид-19 може да се однесува исто како и другите коронавируси кои се ендемски за човековата популација, а кои обично ги нема за време на летниот период.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот