Европска недела за превенција од рак на грлото на матката: Секоја година по пола милион дијагностицирани случаи

Фото: facebook

Секоја година во светот се дијагностицирани пола милион жени со рак на грло на матката, кој е еден од најчестите видови карциноми и во последните години бројот на жени со оваа дијагноза значително се зголемува. По ракот на дојката, ракот на грлото на матката е вториот по ред најчест рак кај жените и во критичната група се наоѓаат оние на возраст од 25 до 64 години.

Здружението за борба против рак, „БОРКА – За секој нов ден” денеска организира прес-конференција по повод Европската недела за превенција од рак на грлото на матката.

Оттаму посочуваат дека оваа канцерогена болест може да се открие и да се спречи навреме, затоа, како што велат, од голема важност е информирањето и подигнувањето на свеста за превенција од овој вид на малигнитет.

Од Здружението на настанот најавуваат обраќања на министерот за здравство Венко Филипче, како и на Биба Додева, претседател на „БОРКА за секој нов ден”, проф. Елена Ќосева, Институт за јавно здравје – ИЈЗ, проф. д-р. Горан Димитров, претседател на Македонското Здружение за Цервикална Патологија, Колпоскопија и ХПВ, итн.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот