Европска лига: Нант и Лазаров не се пласираа на Ф4 турнирот

Кирил Лазаров во дресот на францускиот Нант/фото: EPA-EFE/Henning Bagger

Денеска по одигрувањето на реванш четвртфиналните натпревари во ЕХФ Европската ракометна лига ги дознавме сите четири екипи кои ќе играат на завршниот турнир, тие се Нексе, Бенфика, Магдебург и Висла Плоцк.

Нант и по вторпат беше поразен во четвртфиналната пресметка со Магдебург кој на домашен терен триумфираше со 30:28.

И на овој меч поради повреда за француската екипа не настапи македонскиот репрезентативец и селектор Кирил Лазаров.

Во германскиот состав најефикасен беше данскиот интернационалец Дамгаард со 11 погодоци.

Хрватскиот Нексе во Данска успеа да ги одбрани петте гола предност од првиот меч, односно одигра нерешено 37:37 со ГОГ.

Истото го направи и португалската Бенфика која по триумфот од 36:29, во Словенија ремизираше со Горење (27:27).

Висла Плоцк од Полска со две победи успеа да го елиминира швајцарскиот Кадетен, на реваншот убедливо славеше со 35:22.

Фајнал-фор турнирот ќе се одржи на 28 и 29 мај 2022 година.

ЕХФ Европска лига, 2021/2022
Четвртфинале, реванш (во заграда се резултатите од првите натпревари)

Висла Плоцк – Кадетен Шафхаузен 35:22 (33:31)
ГОГ – Нексе 37:37 (32:27)
Магдебург – Нант 30:28 (28:25)
Горење Велење – Бенфика 27:27 (29:36)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот