ЕВРОПСКА ДРЖАВА НА РАБОТ НА БАНКРОТ: Поради кризата може да ја изгуби и самостојноста

Профимедиа

На Република Сан Марино и се заканува опасност поради еконосмката криза која ја зафати поради пандемијата со ковид-19 да банкротира, а поради долгот, би можела да ја изгуби и својата 1300 години стара самостојност, пишува дневниот весник „Ил фато Квотиџиано” (Il fatto Quotidiano).

Република Сан Марино, од почетокот на епидемијата се противеше, од економски причини, да воведе карантин, а откако се заразија 1.200 граѓани од вкупно 33.000 и процентуално скокна на прво место по бројот на заразени во светот, властите беа присилени да воведат рестриктивни мерки.

Уште пред пандемијата банкарскиот систем на Републиката беше во колапс, долговите на земјата пораснаа на 360 милиони евра, а сега, за да избегне финансиска пропаст, властите на Сан Марино бараат помош од првиот сосед Италија и Банката на Италија.

Република Сан Марино долго време беше даночен рај, идеално место за криење пари и траги на фирми чиешто богатство сопствениците не можеа да го докажат.

Од 11 банки, 6 банкротираа, загубите мораше да ги надокнади државата, а една банка се национализираше.

Во последните пет години богатството на Републиката е двојно намалено, бруто домашниот производ пред пандемијата бил помал за 28 отсто, а поради Ковид-19 и карантинот се намалил за уште 12 процента.

За да ја ублажи економската криза, Република Сан Марино испечатила државни обврзници „Титано” во вредност од 500 милиони евра. Еден „титано” вреди едно евро, но тоа не е доволно, бидејќи недостасуваат пари за исплата на пензии и за живот, пишува весникот.

Дури се размислува и за воведување ДДВ, што би претставувало преседан во историјата на најмалата држава на светот.

„Ил фато Квотиџиано” пишува дека, доколку на Сан Марино не му се помогне, би можело да падне во рацете на кинески или руски капитал. Тогаш овие држави би го искористиле тоа за купување гласови во меѓународни институции како што е ОН.

Во Сан Марино живеат околу 10 илјади Италијанци кои имаат двојно државјанство, па тоа е и еден од мотивите поради кои италијанските политичари апелираат да с епомогне, бидејќи ако пропадне Сан Марино тоа ќе биде трагедија и за Италијанците, тврди членот на демократската партија Марко ди Мајо.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот