Европска агенција за основни права: Ромите живеат 10 години помалку од другите Европејци

Фото: EPA-EFE/OMER MESSINGER

Една четвртина од децата Роми страдаат од неухранетост, а животниот век на Ромите во Европа е пократок за десет години во споредба со другите европјани, покажува студијата спроведена меѓу 4.500 Роми низ цела Европа.

– Секое четврто дете Ром живее во домаќинство што не може да пристапи до основните потреби, како што се здрава исхрана, топлина или има потешкотии во плаќањето кирија. Многумина се соочуваат со глад. Покрај тоа, животен век на Ромите е за 10 години понизок од оној на останатата популација, пишува Европската агенција за основни права (ЕАОП) со седиште во Виена.

– Извештај ги истакнува на површина шокантните тешкотии со кои се соочуваат премногу Роми во денешна Европа, вели директорот на ЕАОП, Мајкл О’Флахерти.

Студијата се засноваше на разговори што се реализирани во периодот од декември во 2018 година до јули во 2019 година со повеќе од 4.500 Роми во Белгија, во Франција, во Ирска, во Холандија, во Шведска и во Велика Британија. Децата честопати се соочуваат со непријателство, а речиси третина од родителите велат дека нивните деца биле вербално малтретирани на училиште заради нивниот идентитет.

Друго истражување спроведено од ЕАОП, пак, покажува дека скоро на половина од граѓаните на ЕУ (45 отсто) би им било непријатно да имаат Роми за соседи, пропорција што е највисока во Франција (52 отсто). За подобрување на состојбата, ЕАОП ги повикува земјите-членки на ЕУ „да овозможат на Ромите и луѓето кои патуваат да го следат нивниот начин на живот, обезбедувајќи доволни места за прием кои нудат пристојно сместување”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот