Европратениците гласаа против кандидатурата на Вархелји за комесар за проширување на ЕУ

Фото: МИА

Европратениците не се задоволни од настапот на кандидатот за комесар за проширување, Оливер Вархелји, пренесуваат од комисијата за надворешни работи на Европскиот Парламент, каде кандидатот беше сослушан утрово.

Триесет европратеници гласале за него,36 против, со што неговата кандидатура не е одобрена. Сега следуваат дополнителни прашања во писмена форма до кандидатот, со што му се остава уште една прилика на кандидатот да ги убеди скептичните пратеници.

Групата на Зелените веднаш по сослушувањето соопшти дека ќе гласа против него бидејќи оцени дека Вархелји не дал доволни гаранции дека ќе биде независен од владата на Виктор Орбан. Им се придружија и неколку пратеници од редовите на Социјалдемократите, на Либералите, и на радикалната левица, Вархелји има до понеделник да одговори на прашањата. Доколку повторно европратениците не бидат задоволни може да биде закажано второ сослушување.

Скептичните пратеници сметаат дека Унгарија не треба да управува со ресорот проширување поради слабостите во владеењето на правото во оваа земја.

Урсула фон дер Лајн сака нејзината Комисија да почне со работа на први декември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот