Европратениците бараат турските власти да престанат со хајката против избраните градоначалници

Европратениците усвоија резолуција со која се бара турските власти да престанат да ги попречуваат и заплашуваат градоначалниците избрани на последните локални избори.

Голем број локални избраници кои победија на изборите во март 2019 ширум Турција се спречени да седнат во своите фотелји или се заменети со неизбрани функционери, за европратениците од сите политички партии ова е неприфатливо.

Во резолуција изгласана вчера со широка поддршка, европратениците ги осудија и заканите упатени кон новиот градоначалник на Истанбул, Екрем Имамоглу и предупредија дека заплашувањата и заканите кон опозиционерите на локално ниво „сериозно ја загрозуваат демократијата на локално ниво“.

Европскиот Парламент итно бара да се ослободат и сите членови на опозицијата кои се наоѓаат во затвор.

Парламентот е длабоко загрижен за влошувањето на демократските стандарди во Турција, истакнува резолуцијата и ги повикува турските власти да обезбеди слобода на изразување, темелни права и слободи како и правна држава во која секому му е гарантиран фер и независно судење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот