Европратеници во Србија: Има позитивен напредок пред изборите, но и доцнење во спроведувањето на мерките

Тања Фајон / Фото: EPA/DUMITRU DORU

Европратеникот Владимир Билчик на крајот од посетата на Белград денеска изјави дека во Србија има позитивен напредок пред изборите на 3 април и додаде дека од клучно значење е спроведувањето на договорените мерки бидејќи има одредено доцнење, јави дописникот на МИА од Белград.

– Жал ни е што гледаме доцнења во спроведувањето на некои мерки, изјави Билчик на прес-конференција на крај од посетата на ЕУ пратениците на Белград, наведувајќи дека клучна е работата на Привременото тело за надзор на медиумите.

Според него, медиумската сцена и понатаму е поларизирана, но постои подобрувања во јавните сервиси на РТС и РТВ.

Тој оцени дека 16-те договорени мерки ќе можат да и дадат шанса на Србија за фер избори, додавајќи дека тоа е можност која сите треба да ја искористат.

Европратеничката Тања Фајон изјави дека меѓународната заедница ќе ги следи изборите, додавајќи дека тоа е уште еден тест за Србија за „подобар живот на граѓаните, демократија и слобода на медиумите”.

– Овој пат нема бојкот, а топката е на страна на политичките актери во Србија, истакна Фајон.

На прес-конференцијата присуствуваа и ЕУ посредниците Едуард Кукан и Кнут Флекенштајн, кој нагласи дека тие не дошле „како адвокати на опозицијата” туку да помогнат во дијалогот.

– Што се однесува до медиумската сцена, за мене е важно да сте отворени за сите соговорници и политичарите да не бираат со кого да разговараат, бидејќи на тој начин граѓаните ќе добијат поинаква слика и ќе можат да избираат, порача Флекенштајн.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот