Европратеничка ќе предава на факултетот за безбедност во Скопје

Европската пратеничка Ирена Јовева од Словенија денеска на Факултетот за безбедност – Скопје ќе одржи предавање на тема „Проширувањето на ЕУ и земјите од Западен Балкан пред нови предизвици”.

Од Факултетот за безбедност соопштија дека Јовева ќе има средба со проректорот на Универзитетот „Св.Климент Охрдиски„ проф.д-р Марјан Ѓуровски и деканот на Факултетот за безбедност-Скопје проф. д-р Никола Дујовски.

– Се очекува на средбата меѓу другото да стане збор за студиската програма „Безбедност и евроатлански интеграции” и можноста преку програмата да се обезбеди одредена мобилност, волонтирање за време на студирањето на студентите и посета на европските институции во иднина, како и развивање на идна академска соработка со институции од Република Словенија и други од Европската Унија- информираа од Факултетот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот