Европол: Во меѓународна полициска акција се уапсени над 800 лица, а запленети се 8 тони кокаин

Фото: EPA/LEX VAN LIESHOUT

Повеќе од 800 лица се уапсени во меѓународната полициска акција против организиран криминал, што беше овозможено по дешифрирањето на кодирана комуникација меѓу криминални групи, соопшти денеска Европската полициска служба (Европол).

– Минатата недела неколку стотици лица беа уапсени во полициски операции низ целиот свет, од Нов Зеланд и Австралија, до Европа и САД. Резултатот е импресивен, рече заменик-директорот на Европол Жан-Филип Лекуф на прес-конференција.

„Тројански штит“: Стотици апсења низ целиот свет при масовна операција против организираниот криминал

Тој рече дека се уапсени повеќе од 800 лица, претресени се 700 места и запленети се осум тони кокаин.

Претставниците на Федералното биро за истраги на САД на истата прес-конференција одржана во Хаг рекоа дека полициската операција спасила неколку стотици животи. Тие исто така изјавија дека „беа спречени повеќе од 100 смртоносни закани”.Акцијата на полицијата во неколку земји била покрената веќе три години координирано со декодирање на шифрираната комуникација меѓу криминални мрежи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот