Европол: Уапсени се 101 човек и пронајдени 19.000 украдени уметнички дела

Архива на СП

Во рамки на глобална полициска акција спроведена во 103 земји уапсени се 101 човек и пронајдени се 19.000 украдени археиолошки и уметнички дела, соопшти денеска Европол.

Во операцијата наречена „Атина 2″ разбиена е мрежа за криумчарење на уметнички дела украдени од земјите погодени од војна, но и од музеи и археолошки наоѓалишта. Меѓу пронајдените предмети има монети од различни периоди, керамички предмети, оружје, фосили и слики.

Во акцијата покрај Европол учествуваше и Интерпол, како и полицијата и царината на Авганистан, Шпанија, Колумбија, Аргентина и Литванија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот